ЖАН МИТРЕВ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Бил повикан по допрен глас

Од Основното јавно обвинителство за Плусинфо потврдија дека д-р Жан Митрев е повикан на распит во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 за кој објави ИРЛ.

– По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит – велат од ОЈО за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека д-р Митрев бил уредно поканет да дојде во Обвинителство и да даде изјава во врска со овој случај, на која тој уредно одговорил и пристигнал во просториите.

Според нашите информации информативниот разговор со д-р Митрев е сѐ уште во тек, а го води обвинителот Гаврил Бубевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *