И Владо Јаневски му откажа на Груби

По Антониа и Владо Јаневски откажа

И Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

Преку „Инстаграм“ пејачот порачува дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.

Но, на страницата на Министерството најавата сè уште стои.

Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби

Антониа во изјава за а1он истакнала дека не ја интересира политика и затоа настапот е откажан

Leave a Reply

Your email address will not be published.