И после сите објави, решено е: На Д-р Жан Митрев му е одземен пасошот – ќе се гони за ИЗМАМА

Одземен пасошот на Д-р Жан Митрев. Докторот ќе се гони за измама

Обвинителството предложи да му биде одземен пасошот на д-р Жан Митрев од истоимената клиника откако денеска е отворена истрага за сомнение за кривично дело Измама.

„По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот

одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, додаваат од ОЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published.