По тенковите, храбрата Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк.

Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат.

Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири боp-бени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку боp-бени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од бор-бените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени, конзевирани и подготвени за продажба.

Во 2011 година во МО повторно почнало да се размислува за модернизирање на „сухоите“ според стандардите на НАТО, но и оваа идеја не се оствари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.