ИЗЛЕГУВАЈ, МАМАТА ТВОЈА: Ново скандалозно ВИДЕО – навивачите на Партизан малтретираат фудбалери во соблекувалната (Видео)

Фудбалерите на Партизан преку соопштение демантираат дека навивачите ги малтретирале по елиминирањето од квалификациите за Лигата на Европа, иако доказите во форма на снимки велат поинаку.

Навивачите збеснаа од новиот неуспех, скандираа против управата, го „поздравија“ тренерот Илија Столица, а играчите се „построија“ на атлетската патека пред јужната трибина.

Видеото го има подолу во текстот

Во еден момент дошло до физички контакт помеѓу навивачот кој скокнал од трибините на патеката и капитенот Слободан Урошевиќ.

Токму Урошевиќ се потпиша на демантот на медиумскиот натпис дека навивачите се однесувале грозно кон фудбалерите, а се појави и ново видео од Хумска кое вели дека името на левиот бек неоправдано стои зад објавата.

На видеото може да се забележат навивачи пред просториите на клубот и соблекувалните како удираат по прозорецот, ги довикуваат фудбалерите и ги пцујат.

Дефинитивно 11 август ќе биде запишан како еден од најцрните денови во историјата на клубот.

Ден подоцна дојде до официјална промена на тренерот. Столица веќе стана поранешен, а наместо него на клупата се враќа Саво Милошевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.