Веста го ПОТРЕCE светот: Актерката наскоро ќе биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот, се чека потврда дали нејзините органи ќе бидат донирани

Актерката наскоро ќе биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот, се чека потврда дали нејзините органи ќе бидат дониpани

Актерката Ен Хеч моментално се наоѓа на апарати за одржување во живот, а семејството соопштило дека нејзиниот мозок е многу оштетен и дека актерката за жал нема да преживee.

Семејството на Ен Хеч дало изјава за јавноста за состојбата на актерката и при таа прилика соопштило дека „не очекува дека актерката ќе преживее“, со оглед на тоа што има голема повреда на мозокот.

Откако се случила незгодата, Ен доживеала голема повреда на мозокот, а сега се наоѓа на апарати кои ја одржуваат во живот. Се чека потврда дали нејзините органи можат да бидат донирани, пренесува „Daily Mail“.

Полицијата во четвртокот за „CNN“ изјави дека Хеч била под влијание на опијати за време на инцидентот, но дека „потребно е дополнително тестирање за да се исклучат било какви лекови кои ги добила во болницата“, изјавила полицајката Ени Хернандез.

Хеч во петокот удрила со автомобилот во гаража во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Судирот предизвикал и пожар којшто се гасел еден час

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *