Поради маc овна тепачка која се случила во средата вечерта, полицијата приве де 15 жители на Гостивар и околни села.




Од таму соопштуваат дека привршуваат со расчистување на случајот и дека биле приведени последните деветтемина кои учествувале во тепачката.




Вечерта веднаш по инцидентот биле приведени 4 возрасни мажи и двајца малолетници. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен.
Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.




Прив едените се на возраст од 40 до 55 години од гостиварското село Ѓурѓевиште.
„Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испу кал предупредувачки ршум во воздух”, соопштуваат од полицијата.