Дара Бубамара го запали Инстаграм: Како да те извајал Микеланџело (ФОТО)

Фолк-пејачката Дара Бубамара го спојува пријатното со корисното, па освен што одржува концерти, наоѓа време и за уживање во пливањето и позира во костим за капење.

Така на својот Инстаграм профил таа покажа видео од својот настап од Гроцка, а претходно беше на Миконос каде ги покажа своите раскошни атрибути во портокалово бикини.

„Најубавата дама“, „Дарче, рибо, ммм“, „Убавица“, „Какво тело, божице од Олимп, како Микеланџело да те извајал“ – ова беа само дел од коментарите.

Неодамна за српските медиуми откри дека е повторно заљубена, а срцето наводно ѝ го украл 15 години помлад бизнисмен од Нови Сад.

„Срцето ми е украдено. Ќе дојде време за тоа, публиката знае дека не лажев кога бев вљубена или не. Не можам да го сокријам тоа. Многу сум среќна, мислам дека не сум била посреќна“, изјавила таа неодамна за Блиц.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *