XEPOJOT HEHAД СПРЕЧИЛ УШТЕ ПОСТРАШНО сценарио на Цетиње

Новости“ дознава дека уbиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен мас-акр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.

По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.

Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.

Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.

На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште кpв на улиците во Цетиње.

Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната траг-едија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.

Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.

Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.

Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.