Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење дека доколку сака Србија може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога тоа ќе го посакаат нејзините граѓани.




– Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи.
Фото Вучиќ




Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински напредок во дијалогот отколку за проблеми“.
Во меѓувреме Вучиќ ги коментира шпекулациите дека во Србија ќе се гради воена база на Русија
Фото А Вучиќ




„Велат Путин мене ме понижува, и Русија.
А тие во НАТО, и имаат и американски и албански војници на своја територија кога ќе затреба. Тие со тоа се гордеат, а ако ние имаме некој друг тука, тоа е понижување. На Србија не ѝ се потребни никакви воени бази, Србија самата ќе ја брани својата држава и народот, ќе гради сојузи, и нема да се срами од добрите односи со Русија, Америка и Кина.




Самите ќе се грижиме за себе“, истакна српскиот претседател.
Фото Српско Собрание