ДРАMА КАЈ БИТ ПАЗАР: Пукање поради сообраќајна расправија – еден пренесен во клинички за лекарска помош

Од МВР излегоа со соопштение

Фото илустрација

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нап аднало Р.Д.(36) и испукало со пиш тол, информираат од МВР.

МВР соопшти дека Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарccка помош.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М. 35 години

МВР информира дека обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.