Експерти: Луѓето над 40 години треба работат само 3 ДЕНА во неделата

Ако ви се укаже можност да работите помалку од пет дена во неделата, дали би се согласиле на тоа? Најверојатно, би прифатиле во истата секудна кога ќе ви го постават прашањето.

Е па имаме добри вести бидејќи едно истражување докажа дека работното време од четири или дури три дена во неделата би било подобро за вработените, но и за работодавците. Размислете за тоа кога ќе разговарате со вашиот шеф.

Но пред тоа, еве што вели науката. Melbourne Institute Worker Paper објави студија во која се наведува дека луѓето над 40 години постигнуваат подобри резултати на работа и се попродуктивни ако работат само три дена во неделата. Сигурно меѓу вас има и такви кои го читаат ова и си мислат: “Па тоа јас го велам постојано!“.

Но како научниците дојдоа до магичниот број три?
Институтот за применета економија во Мелбурн ги испита работните навики на 3.500 жени и 3.000 мажи со помош на неколку когнитивни тестови, кои вклучуваа читање, броење, операции со букви и бројки во ограничена временска рамка и слични задачи.

Земајќи ги предвид различностите во квалитетот на животот, економската благосостојба, структурата на семејството и работниот статус, економските експерти открија дека најпродуктивни се оние кои работат во просек 25 часа неделно.

Покрај тоа, севкупната когнитивна способност расте до 25-от работен час, по што започнува да се намалува како резултат на замор и стрес.

Работата е меч со две острици. Од една страна, ја поттикнува активноста на мозокот, но во исто време долгите работни часови и одредени видови задачи предизвикуваат замор и стрес кои потенцијално ја оштетуваат когнитивната функција, вели професорот по економија Колин Мекинзи.

Заклучок
Работната недела која трае од понеделник до среда ќе биде најдобра за сите – и за работниците и за работодавачите.

Дали сте подготвени да зборувате за ова со вашиот претпоставен?

Leave a Reply

Your email address will not be published.