Хаос во Кавадарци: Поплавени подруми, пропаднати автомобили во дупки – надлежните на терен

На подрачјето на Кавадарци на ден 13.08.2022 од страна на РЦУК Кавадарци е пријавено дека во 19:40ч имало обилни и силни врнежи на дожд,при што поплавиле десетина подруми од куќи.

Исто така средишниот дел од главната ул.7-ми Септември,на која сеуште се работело, е оштетена и ангажирани се 3 екипи за да ги потполнат направените дупки, а имало и една пропадната кола на самите дупки кои не биле затворени.

Истата е извлечена со пајак.

На терен има 3 коли од општина Кавадарци кои се испаднати за контрола на состојбата на улиците.

За испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци исто со две пумпи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *